Nissan претстави лимитирано издание на моделот Juke, а причината е партнерството со Warner Bros, или филмот Batman

Новиот филм за стрип херојот Batman ќе биде премиерно прикажан во Лондон на 4 март, а Nissan подготви специјална верзија на моделот наречена Kiiro.

„Kiiro“ на јапонски значи жолто, а Juke Kiiro има жолти детали на браниците и праговите во комбинација со керамичко сива боја на каросеријата и црн покрив, додека страничните ретровизори содржат бела графика. Изгледот на автомобилот е подобрен со сјајниte црни тркала од 19 инчи и алуминиумски детал на предниот браник.

Седиштата се обложени со ткаенина во комбинација со кожни додатоци во црна боја, а конецот е металик сива и жолта. Централната конзола е украсена со алуминиум, а тука е и 8-инчниот екран на допир од инфо-забавниот систем систем за инфозабава NissanConnect кој поддржува поврзување со Android Auto и AutoCarplay, како и компатибилност со Google Assistant и Amazon Alexa. Достапна е и навигација со TomTom Maps и Live Traffic.

Ова не е првиот Juke со специјална тематика, бидејќи претходно сме виделе Kuro (црни) и Shiro (бели) модели од првата генерација. Минатата година се појави и Juke Enigma.

Juke е во својата втора генерација од 2019 година, базирана на CMF-B платформата и се нуди исклучиво со 1.0-литарски 3-цилиндерски бензински мотор со турбополнач кој развива 117 КС и 200 Nm вртежен момент. Силата се пренесува на предните тркала преку 6-брзински мануелен или опционален автоматски менувач со двојна спојка.

Nissan ќе произведе 5.000 примероци од моделот Juke Kiiro за целиот регион, а 500 од нив се резервирани за британскиот пазар. Цените ќе бидат познати подоцна.