Големо европско истражување: Кои автомобили се најквалитетни, а кои најчесто се во сервис?!
Најмалку главоболки за сопствениците на модел од Lexus
Белгиската организација за заштита на потрошувачите Test Anakoop спровела големо европско истражување за квалитетот на автомобилите со повеќе од 60.000 сопственици на возила во Белгија, Франција, Италија, Шпанија и Португалија. Повеќето проблеми (17% од дефектите) се чини дека се јавуваат со електричните функции како што се акумулаторите, светлата, прозорците и централната брава. Нешто помалку автомобили (13% од дефектите) морало да бидат сервисирани поради сопирачките кои не работеле оптимално. На трето место се дефекти поврзани со бензинските и дизел мотори.
Автомобилите со најмалку проблеми се оние на Lexus, луксузната марка на Toyota. Само 6% од возачите поради дефект морале да посетат сервис за време на гарантниот период. Интересно и самата Toyota, како и повеќето други јапонски марки се исто така во врвот.
Највисоко рангирана европска марка не е Mercedes или пак BMW, туку Seat, а на дното на листата се три многу скапи брендови: Jaguar, Land Rover и Tesla. Електричните автомобили на Илон Маск имаат најнизок рејтинг од сите марки.
Моделите кои имаат мотори со внатрешно согорување, а кои имаат најмногу проблеми, се речиси секогаш дизели. Кај најсигурните возила ситуацијата е обратна и доминираат бензинците и хибридите.
Автомобилска марка (сигурност, задоволство на клиентите во проценти):
- Lexus (95, 89)
- Subaru (93, 87)
- Toyota (91, 86)
- Mitsubishi (89, 83)
- Kia (89, 84)
- Suzuki (89, 83)
- Hyundai (87, 83)
- Honda (87, 87 )
- Mazda (85, 87 )
- Seat (85, 83)
- Dacia (85, 81)
- Škoda (84, 84)
- Nissan (82, 81)
- DS Automobiles (82, 81)
- Volkswagen (82, 83)
- Smart (82, 82)
- Peugeot (82, 81)
- Mercedes-Benz (82, 85)
- BMW (82, 85)
- Mini (82, 85)
- Ford (80, 82)
- Citroën (80, 80)
- Audi (80, 84)
- Volvo (80, 86)
- Renault (80, 80)
- Ssangyong (80, 81)
- Porsche (76, 92)
- Opel (76, 79)
- Fiat (76, 77)
- Jeep (72, 81)
- Lancia (68, 77)
- Chevrolet (68, 76)
- Jaguar (68, 87)
- Land Rover (64, 82)
- Alfa Romeo (64, 84)
- Tesla (60, 91)