Многумина не можат да им одолеат на зимските радости, а некои се подготвени на крајно непромислени потези

Една жена од Канада го направила токму тоа – непромислено се впуштила во авантура која ја чинела автомобил, а за малку и сопствениот живот.

Верувале или не, оваа жена не дошла случајно до замрзнатата река во Манотик, јужно од Отава, како на пример, слетала од патот. Како што покажува надзорната камера, таа со својот Scion намерно се спуштила до реката и решила да ризикува возејќи по ледената површина. Притоа, возела најбрзо што може, а што на камера го снимиле случајни минувачи.

Ризикот не се исплател. Мразот попушти под масата на автомобилот и лименото милениче почнало да тоне. И сега доаѓа најбизарниот момент. Наместо да скокне од автомобилот на безбедно, сопственичката решил да направи селфи. Во последен момент кога капењето во замрзната вода било нешто најмалку што можело да и се случи, пристигнува помош.

Луѓето од блиската куќа брзо успеале да дојдат на помош спасувајќи ја со кајак, пишува CTV News Отава. Полицијата набрзо пристигнала на местото на несреќата и решила да го казни возачот за опасно возење.