Дали знаете каде е наплатена најголемата сообраќајна казна?
Многу земји имаат строги закони за брзо возење, а Швајцарија е на едно од првите места во светот.
Во далечната 2010 година тоа на сопствена кожа го има почувствувано сопственик на Mercedes-Benz SLS AMG (571 КС). Возачот „летал“ со 290 km/h додека патувал во близина на Фрибург. Ограничувањето на брзината во таа област било 120 km/h.
Полицијата го фатила и му го запленила возилото. Надлежните решиле да го направат тоа како гаранција за плаќање на казната за пречекорување на брзината што ја добил возачот. За бркотницата е казнет со дури 650.000 евра.
Швајцарската влада користи т.н имотен цензус, односно казните се наплаќаат во зависност од висината на приходите на возачот. Возачот на SLS очигледно имал „дебела“ банкарска сметка.