Влага во автомобилот и замаглени стакла: Како може да ви помогне песокот за мачки?! / ВИДЕО
Без разлика дали се наоѓа на арматурната плоча, под седиштето или во просторот за нозете, песокот за мачки може да ја апсорбира влагата насекаде
Влажноста во автомобилите е честа појава, особено во зима. Постојат многу причини. Еден од најчестите е внесувањето мокра облека и чевли во автомобилот. Вашите прозорци и врати може да не дихтуваат најдобро, поради што влагата влегува во кабинскиот простор.
Обрнете внимание на подлогата за нозете: патосниците од ткаенина брзо ја апсорбираат влагата од чевлите и тешко се сушат. Гумените патосници се подобро решение. Но, не треба да се заборави дека треба редовно да се излева водата, односно патосниците да се сушат. Секако, препорачливо е снегот да се исчисти од чевлите пред влегување во автомобилот.
Како може да си помогнете да се намали влажноста во возилото? Ставете малку песок за мачки во платнена вреќичка, цврсто затворете ја и ставете ја кесата на внатрешната страна на шофершајбната пред да излезете од возилото. Овој „систем“ ја апсорбира влагата и ветробранското стакло останува кристално чисто. Невообичаено, но корисно. Наместо платнена вреќичка може да се користат и чорапи. Платената вреќичка или чорапот со песок може да се стават и во просторот за нозе додека возите. Без разлика дали се наоѓа на арматурната плоча, под седиштето или во просторот за нозете, песокот за мачки може да ја апсорбира влагата насекаде. Најдобрите верзии на песок што апсорбира влага се базирани на силика или глина. Наместо песок, можете да користите и ориз.