Моторите со четири цилиндри со зафатнина од два литри се златниот стандард на денешната автомобилска индустрија, но прашањето е зошто е тоа така.

Иако генерално на пазари како нашиот, каде што се гледа на секој денар, помалите, обично еднолитарски мотори со три цилиндри се исклучително популарни, автомобилската индустрија денес ги фаворизира моторите со четири цилиндри од два литри. Ако погледнете подлабоко, ќе забележите дека истата шема, односно работната зафатнина од половина литар по цилиндар се користи и кај помалите и кај поголемите мотори. Така, моторите со шест цилиндри обично имаат зафатнина од 3.0-литри, 8-цилиндерските мотори се 4.0, а сè уште има и 5.0 V10 и 6.0 V12. Во спротивна насока има серија мотори со три цилиндри со волумен од 1.5-литри.

Одговорот доаѓа од Coswort и Брус Вуд, главен оперативен директор на компанијата.

Накратко, волумен од половина литар или 500 кубни сантиметри е како „Ниту преголем, ниту премал“, вели Вуд. Ако имате најмал волумен, ќе имаме голем сооднос површина-волумен, што овозможува повеќе топлинска енергија да дојде во контакт со ѕидовите на цилиндерот и поради тоа ќе се загрева течноста за ладење наместо ослободената енергија да ја работи својата основната работа во цилиндерот.

Ако тргнеме во друга насока, ќе добиеме ситуација во која пламенот на запалената смеса нема да допре до ѕидовите на цилиндерот, а резултатот ќе биде полоша емисија на издувни гасови.

„Значи, 500 е магичен број, но тоа не значи дека ако земете 499 (кубни сантиметри) нема да работи. Работи навистина добро во таа област и затоа тој волумен не е ниту преголем ниту премногу мал за речиси сите примени“, објаснува Вуд. Дополнително, стандардизирањето на големината на цилиндерот го олеснува производството во автомобилската индустрија, а со тоа и ја зголемува ефикасноста.

Конечниот одговор би бил дека дизајнерите на мотори имаат тенденција да имаат волумен од 500 кубни сантиметри по цилиндар бидејќи практиката покажала дека тоа е оптимално.