Во следните десет години, Xiaomi ќе инвестира десет милијарди долари во развој и производство на автомобили

Кинескиот Xiaomi, моментално вториот по големина производител на паметни телефони во светот, го најави својот влез во автомобилската индустрија на голема врата. Иако веќе го скршија мразот на автомобилскиот пазар со хибридниот модел Redmi, Кинезите сега уфрлуваат во поголема брзина.

Во Пекинг наскоро ќе никне целосно нова фабрика, која ќе произведува 300.000 автомобили годишно, и тоа целосно електрични. Производството ќе заживее со полн капацитет во 2024 година.

На почетокот на годината, со акционерски капитал од 1,5 милијарди долари, веќе е регистрирана нова компанија „Xiaomi EV Company Limited“ специјализирана за развој и производство на електрични автомобили, а во следните десет години Xiaomi ќе инвестира дополнително 10 милијарди долари.

Големите планови не се поврзани само со кинескиот пазар, бидејќи компанијата најавува проширување на светската сцена. Како главен ривал најчесто се споменува Tesla.

Судејќи по неверојатно брзата експанзија и доминација низ светот, немојте да се чудите ако за три години наместо Fiat, Škoda или Renault, во гаражата паркирате кинески електричен автомобил Xiaomi.