Познати седумте финалисти во Изборот за европски автомобил за 2022 година
Две недели по објавувањето на 39. кандидати за престижната европска автомобилска титула за 2022 година, полека се влегува во втората фаза од изборот
Во конкуренција остануваат уште седум модели, од кои шест електрични: Cupra Born, Ford Mustang Mach-E, Hyundai Ioniq 5, Kia EV6, Renault Megane E-Tech и Škoda Enyaq iV. Седмиот финалист, е Peugeot 308 како единствен модел кој сè уште нема електрична верзија, но затоа има хибридна.
Интересно е што во изборот на финалистите е редизајнираниот, повеќе-помалку преименуван Volkswagen ID.3 и еден од минатогодишните финалисти – Škoda Enyaq iV. Електричниот адут на Чесите е поставен на истата MEB платформа, но овој кросовер барем има своја оригинална каросерија и понуда на верзии со погон на сите четири тркала.
Во финалето се уште еден пар близнаци, овојпат од Азија. Станува збор за дуото Hyundai Ioniq 5 и Kia EV6, а лежат на платформата E-GMP и имаат речиси целосно идентична опрема.
Победникот во ова натпреварување треба се прогласи на крајот на февруари, на специјално организирана церемонија.