Ford уште претходно потврди дека на крајот од март 2022 година, ќе прекине производството на актуелната генерација на моделот Mondeo (во лимузинска и караван верзија), поради се поголемите промени во желбите на клиентите. Од друга страна, во Кина, Mondeo ќе добие наследник, што го потврдуваат и овие први слики

Очигледно е дека новото Mondeo за Кина ќе биде близок роднина на неодамна претставениот Ford Evos. За разлика од Evos, кој е крос-лифтбек модел (долг 4.920 mm и со меѓуоскино растојание од 2.945 mm), новото Mondeo ќе се продава во форма на класичен седан (должина од 4.935 mm и со исто меѓуоскино растојание од 2.945 mm). .

Како и Evos, Mondeo под хаубата ќе има 2.0 EcoBoost турбо бензинец со 238 КС и 376 Nm, заедно со 8-степен автоматски менувач и погон на предните тркала.

Опремата вклучува и панорамски покрив, систем за автоматско сопирање, одржување во сообраќајната лента, автопилот Ford BlueCruise, 12,3-инчна дигитална инструмент табла, како и мултимедијален систем Sync + 2.0 со голем екран.

Клиентите опционално ќе можат да добијат и 19-инчни алуминиумски тркала, со гуми 235/45.

Продажбата на новото Mondeo во Кина најверојатно ќе започне во првиот квартал на 2022 година, додека за производство ќе се погрижи Changan Ford, кој меѓу другото го произведува споменатиот Evos.