На врвот е Хамбург, каде камерите за мерење на брзината и надзор за проаѓање на црвено донеле заработка од 17,1 милиони евра за само една година.

Дека треба да се вози според прописи, тоа е познато. Познато е тоа дека во спротивно се загрозуваме себеси, но и другите учесници во сообраќајот, а често и казните за непочитување се многу високи. Сепак, се чини дека иако знаеме, според дневните билтени на прекршители, несреќи, жртви…, тешко тоа се спроведува во пракса. Барем на овие простори. 

Но ако се суди според бројките кои се појавија во јавност, ниту Германците не се нешто многу наклонети кон почитување на прописите или барем нам така ни се чини. На прашање од Германската адвокатска комора (DAV), германските градови одговориле за тоа колку заработиле од камерите за надзор во 2020 година и бројките се навистина импресивни. На врвот е Хамбург, каде камерите за брзина и надзор за проаѓање на црвено светло на семафорите на градот му заработиле 17,1 милиони евра годишно. Дури десет градови ја минале границата од милион евра. Некои градови не одговориле но овие податоци сепак може да се видат во рекапитулациите на нивните буџетски приходи. Така, Келн во 2019 година од сообраќајните камери заработил 17,6 милиони евра, а Лајпциг 11,6 милиони.

Ако се прашуваме ние, и кај нас треба да има што повеќе вакви камери. Ако ништо друго, тоа ќе значи и дополнителни приходи за градовите. А какви сме, ќе заработат одлично.