Организаторите на Меѓународниот салон за автомобили во Женева (Geneva International Motor Show) вчера изјавија дека нема да го организираат настанот планиран за следната година, поради „здравствената криза предизвикана од Ковид-19, што влијае на целата автомобилска индустрија“

Така уследи студен туш за по малку оптимистичката најава од пред шест дена, кога сеуште беше актуелна најавна за настанот покрај езерото.

Персоналот вклучен во организацијата на несудениот спектакл во соопштение напишаа дека откажувањето е од директни и индиректни причини предизвикани од новиот корона вирус, толку моќен по природа, што едноставно нема соодветна алтернатива од откажување на настанот.

Ограничувањата наметнуваат проблеми и ограничувања поврзани со патувањата, што исто им пречи на излагачите, но и на посетителите и новинарите. Потоа, кризата во снабдувањето со полупроводници, што условува прераспределба на приоритетите на производителите на возила, исто така, придонеле за лошиот епилог, наведува организациониот комитет.

Објавената одлука уследи по сличните одлуки кои се однесуваа на минатогодишното и годинешното издание на саемот. По тој повод, говореше и претседателот на Комитетот на Меѓународниот салон за автомобили, Морис Туретини, кој вели дека организаторите на крајот мора да се соочат со реалноста, и покрај сите направени напори.

„Ситуацијата со пандемијата не е под контрола и на тој начин е загрозено здравјето на луѓето кои би биле учесници во настанот организиран во затворени простории“, рече тој.

Туретини додава дека одлуката ја гледа како одлука со која настанот е одложен, а не откажан.

„Сигурен сум дека салонот за автомобили во Женева ќе се врати во светло издание во 2023 година“.