Моделот беше претставен пред само неколку недели на „Неделата на автомобили“ во Монтереј.

Покрај целата палета на козметички и перформантни подобрувања, јапонската компанија објави дека ќе произведе само 350 примероци од кои 300 се планирани за американскиот пазар. Меѓутоа, оние преку „големата бара“ кои планирале да си го дозволат ексклузивниот NSX и не го сториле тоа досега, веќе нема ниту да можат.

Со оглед на тоа дека станува збор за ограничена серија, ова не треба да изненадува, но реакцијата на клиентите била навистина брза. Извор од Honda вели дека сите 300 примероци предвидени за САД се веќе резервирани и капарисани. Цената формално започнува од 169.500 долари, додека единиците опремени со пакетот „Lighweight“ одат и до 182.500 долари. Првата единица на аукција во август беше продадена за 1,1 милиони долари.

NSX Type S е многу повеќе од автомобил во ограничена серија. Има поагресивен анфас, како и нови елементи од јаглеродни влакна, како што се задниот дифузер и страничните прагови. Моќта доаѓа од 3.5-литарски V6 twin-turbo хибридизиран склоп (три електромотори), кој испорачува 600 коњски сили и 667 Nm вртежен момент. Новите турбополначи се „позајмени“ од тркачот NSX Evo, а зголемениот капацитет на батеријата овозможува подолги растојанија во чисто електричен режим на возење. Менувачот е деветстепен со двојна спојка, кој нуди 50 проценти побрза трансмисија по нагорнина, како и нов режим на брз пренос по надолнини.