Саудиска Арабија купи удел во Pagani
Италијанскиот бренд доби нови инвеститори
Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија купи удел во автомобилската компанија Pagani. Деталите за договорот сепак се непознати за пошироката јавност, а нема детали ни за купениот удел и по која цена.
Се разбира, зад овој саудиски фонд стои државата, а за Pagani воопшто не е ни потребно да се зборува, барем не за оние кои ја следата и сакаат индустријата. Хорацио Пагани, основач и претседател на истоимената марка, истакнува дека е исклучително задоволен од договорот со Арапите.
„Ова е дел од нашиот долгорочен план за понатамошен развој на хиперавтомобилите кои се навистина захтевни“, вели Пагани.
Компанијата Pagani сега има четворица сопственици, но мнозинскиот дел е и понатаму во рацете на семејството Пагани. Свој удел во сопственичката структура покрај споменатиот фонд за јавни инвестиции на Саудиска Арабија, имаат и Никола Волпи и Емилио Петроне.
На челната позиција нема да има промени. Хорацио Пагани останува извршен директор и шеф на дизајнот и ќе го води овој бренд во нова ера која без сомнение ќе мора да се потпира на електрификација.