Долга листа за главната награда, но и други споредни награди и една сосема нова категорија

Листата е објавена, а сега 103 „поротници“ од стручното жири ќе го дадат своето мислење и ќе ги бодуваат автомобилите. Главното тест возење ќе се одржи во ноември во Лос Анџелес, додека победниците од сите категории ќе бидат објавени на 13 април следната година во Њујорк.

Меѓу кандидатите за најпрестижната награда, доминираат возила од Азија, со само три европски модели. Најуспешна групација е Hyundai со дури шест модели на листата.

Кандидати за „Светски автомобил на годината“:

  • Audi Q4 e-tron / Q5 Sportback e-tron
  • BMW i4
  • Citroen C5 X
  • Genesis G70
  • Honda Civic
  • Hyundai Ioniq 5
  • Hyundai Staria
  • Hyundai Tucson
  • Jeep Grand Cherokee
  • Kia EV6
  • Kia Sportage
  • Lexus NX
  • Mitsubishi Outlander
  • Subaru BRZ
  • Subaru Outback
  • Toyota Corolla
  • Toyota GR86

Кандидати за „Светски луксузен автомобил на годината“:

  • Audi e-tron GT
  • BMW iX
  • BMW iX3
  • Genesis GV70
  • Land Rover TBD
  • Toyota Land Cruiser
  • Volvo XC40 Recharge

Кандидати за „Performance Car 2022“:

  • Audi RS3
  • BMW M3/M4
  • Hyundai Elantra N
  • Hyundai Kona N
  • Porsche 911 GT3
  • Porsche Cayenne Turbo GT
  • Subaru BRZ
  • Toyota GR86

Кандидати за „Светски електричен автомобил на годината“:

  • Audi e-tron GT
  • Audi Q4 e-tron
  • BMW i4
  • BMW iX
  • BMW iX3
  • Hyundai Ioniq 5
  • Kia EV6
  • Volvo XC40 Recharge

Организаторите се уште не објавија кои автомобили ќе се натпреваруваат за наградата во областа на дизајнот, а познат е само еден модел, кој е во категоријата „Светски градски автомобил на годината“. Станува збор за Hyundai Staria, а неговите ривали се очекува да бидат претставени во наредните месеци.