Nissan Z Coupe- Враќање на иконата / ФОТО+ВИДЕО
По повеќе од една деценија од дебито на Nissan 370Z, пред нас е неговата замена
Тоа е купето Nissan Z за 2023 година, кое кое својата премиера ја имаше во Њујорк. Придвижуван е од twin-turbo V6 мотор, а во исто време го краси подобрен ентериер и стил речиси идентичен со концептот Z Proto, виден пред една година. Според Nissan, купето ќе чини „околу 40.000 долари“, се разбира за американскиот пазар.
Веднаш по лансирањето, Nissan Z доаѓа во две верзии: Sport и Performance, со специјална опција Proto Spec, која наоѓа инспирација во минатогодишниот концепт, кој наиде на одличен прием. Следниве детали од Z Proto се пренесени на сите модели: „зашилен нос“, квадратна решетка на ладилникот и ретро LED осветлување, како и деталите на задниот дел од возилото. По должината на браникот се протега црна партиција, угостувајќи ја хоризонтална задна сигнална група, додека сјајно црниот дифузер го опкружува тандемот на завршетоци од издувните цевки. Перформантните модели добиваат и суптилен заден спојлер.
Основниот Sport модел има 18-инчни тркала, додека пак Performance пакетот gi „позајмува“ 19-инчите единици од Z Proto. Nissan нуди девет опции за боја, а клиентите можат да изберат двобојни верзии во комбинација со контрастен црн покрив: „Brilliant“ сребрена, „Boulder“ сива, „Serian“ плава, „Ikazuchi“ жолта, „Passion“ црвена и „Everest“ бела. Во понуда се и три „сингл“ варијанти во една нијанса: „Diamond“ црна, „Gun Metallic“ сива и „Rosewood Metallic“ розеникава.
Просторот во кабината комбинира модерна технологија и удобност со класични детали. Седиштата потсетуваат на оние што се наоѓаат кај суперспортистот GT-R, со стандардна црна ткаенина или кожа достапна во Performance изведбата. На централниот гребен се наоѓа кластер аналогни индикатори, инспирирани од решението кај 240Z, кое може да чита вредности како што се притисокот на турбините, бројот на вртежи и волтажата. Екранот од осум инчи за инфо-забавниот систем е стандарден, додека поголемата 9.0-инчна единица со навигација и Wi-Fi конекција е достапна за моделот Performance.
Во меѓувреме, Proto Spec, додава неколку уникатни елементи во играта, што го прави поблиску до концептот, како што се жолта боја на сопирачките и 19-инчни RAYS бандажи, додека кабината на Proto Spec е украсена со жолти акценти и велур инсертери. Nissan го ограничи Z Proto Spec на само 240 единици и тоа во САД.
Што се однесува до перформансите, 3,0-литарскиот twin-turbo V6 испорачува 405 КС (298 kW) и 475 Nm максимален вртежен момент. Погонот е на задните тркала. Значи, моќноста е значително повисока во споредба со 370Z во заминување (355 КС и 375 Nm). Иако јапонската марка не наведува време на забрзување до 100 km/ h, се очекува новитетот да биде за 15 проценти побрз отколку моделот што го заменува, што значи дека спринтот треба да се изведе за нешто повеќе од четири секунди.
Рачниот менувач со шест брзини е стандарден, спарен со високоперформантно квачило. Performance моделот има и систем за контрола на брз старт, кој исто така е пренесен на опционалниот 9-степен автоматски менувач, исто како и диференцијалот со ограничено пролизгување.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1g7bVx558VwbehRONn6y8idD28NpGHJkV” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]