Можеби работите подоле не се за рубрика „Верувале или не“, сепак дефинитивно се интересни факти и вреди да ги знаете, особено затоа што тие се однесуваат на европските земји во кои често се патувава

Ако добиете казна за неправилно паркирање, можете да ја платите во најблиската трафика или Tobacco Shop. Платете ја веднаш затоа што по неколку дена казната ќе се зголеми.

Ако врне, на патиштата во Франција важат поинакви ограничувања на брзината – онаму каде што ограничувањето е 90 km/h треба да се вози со максимални 80 km/h. На автопат дозволено е 110 km/h наместо 130 km/h. 

Во Италија, постојат ригорозни казни за оние кои пијат алкохол и возат, или оние кои имаат повеќе од 1,5 промили во крвта. Казните се движат до 6.000 евра, и во зависност од тежината на прекршокот, на возачите може да им се одземе автомобилот и да се продаде на аукција (доколку возачот е и сопственик на автомобилот).

Ако ја повикате полицијата во Австрија на увид за сообраќајна незгода, а сами сте можеле да размените информации, ќе платите казна од 36 евра. Оваа казна се нарекува „данок за сино светло“.

За некаква форма на „лудување“ на патиштата, како лудо возење, беснеење, бегање од полиција… ќе платите со затворска казна од најмалку една година и ќе ви биде конфискувано возилото. Ова не му се простува никому.

Во Шпанија ако ја платите казната во рок од 20 дена, ќе добиете попуст од 50 проценти. Во Шпанија, исто така, се задолжителни два безбедносни триаголници во автомобилот.

Во Грција сообраќајните казни се удвојуваат доколку не се платат за десет дена.

Во Англија, билет за паркирање може да напише само лице кое има со закон пропишана униформа и капа.