Rimac Nevera дефинитивно не само што е брз автомобил, туку е навистина „лудо брз“

Откако ги „разнесе“ спортистите од типот на BMW M5 до Ferrari SF90 кога станува збор за забрзување по права линија, сега се надмина и себеси на четврт милја и тоа со сериски гуми.

Хрватскиот хиперавтомобил се најде на познатата патека за „драг“ на Фамосо во Калифорнија, и секако не разочара. Ако сакате веднаш да ја видите Nevera во акција, „скокнете“ до 16 -та минута од видеото, но препорака е да го изгледате целото видео.

Се разбира, она што е најинтересно е соборувањето на рекордот за четврт милја (402 метри) во конкуренција на сериски автомобили. Сите три обиди биле направени на гуми Michelin Pilot Sport 4S, а првиот дури не го вклучувал карактеристичното „загревање“ во облак чад. Со ладни гуми, Nevera 402 метри минала за 8,74, со излезна брзина од 266,34 km/h. Вториот обид вклучуваl „палење“ на гумите, што дефинитивно придонеlo за подобрo лежење на автомобилот на подлогата, бидејќи времето било подобрено на 8,61 секунди (излезна брзина 268,76 km/h).

Рекордниот обид бил третиот. Гумите се загреале малку потемелно, а целната линија е помината за 8,58 секунди, со излезна брзина од 269,56 km/h.

Треба да се спомене дека, иако на видеото може да се видат три обиди, во официјалната објава, Rimac вели дека во текот на денот биле направени вкупно 11 спринтови.

Се разбира, Невера не е автомобил за секого. Производството е ограничено на серија од 150 примероци, а секоја од нив чини околу 2 милиони долари.