Поплавите во Кина уништиле повеќе од 400.000 автомобили. Сите ќе одат на отпад / ВИДЕО
Годинешните поплави во Кина се причина за големи проблеми на локалното население
Научниците велат дека во јули 2021 година, централната провинција Хенан била погодена од најголемата поплава во последните 1.000 години. Како резултат на тоа, повеќе од 400.000 автомобили биле поплавени. Сега сите тие автомобили ќе одат на отпад. Преводот на името на провинцијата значи „јужно од реката“ и е објаснување за причината за природната катастрофа.
На север од провинцијата Хенан, веднаш до главниот град Женгжу, тече една од најдолгите реки во светот, познатата Хуанг Хе, или Жолта река, со проценета должина од 5.464 километри. Реката го добила ова име затоа што носи големи количини на лес (вид геолошки талог) со жолта боја, од кои самата река добива жолта боја, што во комбинација со обилните врнежи драматично го зголемува ризикот од поплави.
Кинезите од Хенан се навикнати на нив, но оваа година поплавата ги надминала и најмрачните сценарија. Водата оштетила над 400.000 автомобили. Ова се проценките на трговското здружение на Женгжу, главниот град на провинцијата Хенан. Луѓето едноставно ги оставле автомобилите на улица за да си го спасат животот.
Сега долги редици од оштетени автомобили чекаат на паркинзите, но се знае каква ќе биде нивната судбина. Повеќето од нив се толку оштетени што не може ниту да стане збор за нивна поправка. Ова значи дека ќе се транспортираат на отпад. Тие ќе бидат уништени, а останатите ќе се рециклираат. Нивните елементи, кои од различни причини не можат да се обработат за повторна употреба, ќе завршат на депонии.