ТОП 15 – Автомобили со најмногу дефекти во последните 10 години!
Комплексноста на системите е очигледно една од причините за чести и скапи дефекти
Британскиот портал CarWow, користејќи податоци од WarrantyWise, кој нуди услуга за покривање на дефекти по истекот на фабричките гаранции, составил список со статистички 15 најнедоверливи автомобили во последните десет години и најчестите и најскапите дефекти кај нив.
15. Tesla Model S
Од сите премиум возила, Tesla Model S треба да биде автомобилот со најмалку дефекти бидејќи има наједноставна технологија со електричен мотор. Токму на електричните компоненти се случуваат повеќето дефекти, а најскапата поправка е поврзана со воздушната суспензија.
14. BMW M4
Одличен возачки автомобил, но и проблеми со сопирачките. Најскапите дефекти сепак се поврзани со инфо-забавниот систем.
13. Mercedes-Benz GL
Овде станува збор за постарите генерации (новата се вика GLS) и еден збор е многу важен – електроника.
12. Ford Galaxy
Проблеми со менувачот.
11. BMW X5
Постарите генерации страдаат од проблеми со суспензијата и моторите.
10. Range Rover
Воздушната суспензија и моторите.
09. Mazda CX-5
Квалитетна марка, но претходната генерација имаше проблеми со моторите.
08. Audi Q7
Претходната генерација имаше проблеми со истекување на маслото и електрониката.
07. Jaguar XJ
Проблеми со моторите.
06. Range Rover Sport
Проблеми со воздушната суспензија и моторите.
05. Chevrolet Captiva
Една марка која повеќе не е достапна на македонскиот пазар и теренец, кој има големи проблеми со менувачите.
04. Porsche Cayenne
Проблеми со електрониката и моторите.
03. BMW X6
Претходните две генерации: електроника и мотори.
02. Audi A7
Претходната генерација имаше многу проблеми со менувачот.
01. Bentley Continental GT
Претходната генерација на ултра луксузното возило: електроника и проблеми со моторот.