Нова гума од Michelin: Содржи портокали, лимони, лименки од пијалоци, смола од бор…
Станува збор за концептни тркачки гуми составени 46 проценти од одржливи суровини со тенденција во иднина тој процент да расте
„Еко сјаличката“ како полека да се пали кај сите. До неодамна, производителите на гуми и автомобили размислуваа за тоа само спорадично, но тоа сега стана нова мантра. Меѓу сите нив е и Michelin објавувајќи дека во 2050 година ќе произведува гуми исклучиво од рециклирани и одржливи материјали.
Во моментов, француската компанија произведува гуми во кој третина од составот се одржливи и рециклирани материјали, а тој удел ќе се зголеми на 40 проценти до 2030 година. Концептната гума 46 покажува кои материјали може да се користат.
Овие концептни тркачки гуми се составени од 46 проценти одржливи суровини, како што се рециклирани саѓи од стари гуми. Покрај тоа, има кора од портокал и лимон, а сончогледовото масло и смолата од бор се користат како замена за нафта. Michelin, исто така, користи стари алуминиумски лименки, истите оние кои ги фрламе во ѓубре откако ќе го испиеме нашиот омилен пијалок.
Производителите на гуми честопати се потпираат на искуство од тркачките патеки за да развијат нови технологии. Знаењето стекнато на тркачките патеки со високи перформанси е вградено во серискиот развој на автомобилски гуми.