Alpine веќе најави неколку големи работи ова лето, а една од нив е моделот со кој ќе се бара „место под сонцето“ во „hot hatch“ сегментот

Постојат јасни сугестии дека моделот на Alpine во многу нешта ќе се потпира на концептот Renault 5. Наречен е А 5 (или можеби А5 иако во тој случај би имало реакција од Audi) и ќе се базира на платформата CMF-EV за електрични возила, која е поврзана со CMF-B архитектурата, на која почива, меѓу другите, сегашното Clio.

Оваа конструкција поддржува различни поставки, а извршниот потпретседател на одделот за инженерство на Групацијата Renault, Жил ле Борњ, вели дека моделот на Alpine ќе ги заобиколи вообичаените трендови што вклучуваат електричен мотор на задната оска.

Наместо тоа, новитетот ќе остане верен на филозофијата на иконата, Renault 5 Alpine, што значи дека ќе има погон на предните тркала. Според официјалното лице на француската компанија на моделот ќе му бидат потребни околу шест секунди до „стотка“.

Сега се доаѓа до прашањето како ќе изгледа Alpine A 5 (неофицијално име)? Веројатно како концептот Reanult 5 „на стероиди“, што прилично точно го прикажува рендерот на Reichel Car Designa. На илустрацијата, можеме да видиме автомобил со модифициран преден браник, два фарови во стилот на рели тркач и LED дневни светла.

Пластиката на долните рабови е сеприсутна, а автомобилот е во типична Alpine сина боја, со контрастен темен покрив. Посветла нијанса може да се види на клештите од сопирачките, зад големите црни бандажи, како и на страните на спојлерот на покривот.

Бројот „5“ е дигитално врежан во потпирачите за глава, кои се украсени со двојни сини шевови и метални украси. Се разбира, ова е прелиминарна слика, така што ќе треба сепак да почекаме за конечниот изглед.