Кина планира да изгради делумно подводна пруга до Америка долга 13.000 километри
Во моментов, Кина ја поседува една од глобално најголемите и најимпресивни патни мрежи наменети за движење на брзи возови, а најважното е што нема индиции дека Кинезите ќе застанат тука со експанзијата
Пекинг сега сака да излезе подалеку од границите на Кина и да поврзе уште многу региони со овој начин на транспорт. Плановите одат дури до САД.
Рутата која се разгледува во моментот е долга скоро 13 илјади километри и би била наменета за брзи возови кои би патувале низ цела Кина, низ источна Русија, Сибир и понатаму под Беринговото Море до Алјаска и карпестите области на канадскиот Јукон. Линијата ќе продолжи преку Британска Колумбија пред да заврши во централна Америка.
Првичниот буџет предвидува сума од околу 200 милијарди американски долари со цел оваа идеја на крајот и да се спроведе. Планот не е нов, а првите планови за изградба на брза железничка линија во должина од 12.875 километри датираат уште од 2014 година, се вели во извештајот на „Пекинг тајмс“.
Линијата би опфаќала четири големи земји, Кина-Русија-Канада-Америка, со тоа што би бил изграден подводен тунел кој би бил четири пати поголем од оној што ги поврзува Англија и Франција во Европа.
Поминување низ Беринговото Море бара изградба на подводен тунел, што ќе биде изводливо само со примена на најсовремена технологија. Уште во 2014 година, кинеските инженери тврдеа дека разговарале со колегите од Русија за овој проект, верувајќи дека тој е целосно изводлив во овој момент од технолошкиот развој.
Од друга страна, критичарите на проектот наведуваат дека идејата не вреди за толку пари, наведувајќи дека веќе постоечкиот воздушен сообраќај за патници и товар се значително поевтини и помалку комплексни алтернативи.
Во 2018 година, Кина ја одобри првата подводна железничка линија во светот наменета за брзи возови. Домашен воз го поврзува пристанишниот град Нингбо, кој е близу Шангај, со архипелагот Жоушан на источниот брег на азиската земја.
Трасата опфаќа растојание од 77 километри и е создадена од празно парче хартија. Вклучува подводна делница долга 16,2 километри, а ќе ја опслужува возот Маглев, кој работи по принципот на магнетна левитација кога ќе достигне големи брзини. Изградбата на оваа линија во моментов е во полн ек.
За волја на вистината, овој подводен тунел е значително поскромен од Ла Манш, но секако ја отежнува изградбата на железничката инфраструктура. Некои аналитичари сметаат дека најавената рута Кина-Русија-Канада-Америка во моментов не се разгледува, само додека не заврши тест-линијата за овој голем проект. Тестот треба да биде споменатата пруга Нингбо-Жoушан.
Што се однесува до Америка, нивната влада размислува за линија долга 2.570 километри што би ја поврзала земјата со Канада, од Алјаска до Алберта. Предвидената инвестиција е ограничена на 22 милијарди американски долари, а тоа би било значително проширување на влијанието на американската железница, која заостанува не само зад кинеската, туку и зад јапонската мрежа.