Крива е короната: Во САД, половните автомобили поскапи отколку кога биле нови!
Познатиот Black Book пронашол 73 користени модели кои на аукции на дилери се продадени за повеќе од оригиналните цени
Ова довело до тоа некои половни автомобили да чинат повеќе отколку кога биле нови во изложбен салон. Благодарение на Алекс Јурченко, потпретседател на одделот за податоци во Black Book (компанија за анализи во автомобилската индустрија), целиот извештај е објавен од Associated Press.
Имено, Јурченко наведува дека во моментов на пазарот на користени возила има многу возила стари од една до три години чии цени се повисоки од нивната оригинална цена. Еден таков пример е Toyota Tacoma SR 2019, кој се продал за 33.000 американски долари на пазарот за користени возила, наспроти 29.000 пред две години.
„Пазарот е многу чуден. На дилерите им е потребен инвентар, па затоа плаќаат многу пари за своите возила на пазарот на големо. Цените на многу вообичаени возила ќе се приближат до малопродажната цена препорачана од нивниот производител“, вели Јурченко.
Black Book пронашол 73 користени модели кои на аукции на дилери се продадени за повеќе од оригиналните цени. Извештајот сугерира дека повеќето од овие возила се камионети или SUV модели, како што се целосно опремените Ford F-150 Raptor, Jeep Wrangler Rubicon, па дури и Mercedes G63 AMG. Дури и некои вообичаени автомобили се продаваат по повисока цена отколку кога биле нови.