Политиката го победи спортот на тркачката патека во Серес, Грција
AKK RENAULT SPORT како организатор на RENAULT TWINGO CUP, официјалните претставници на LEMA Racing, соработници, натпреварувачи како и гости кои беа најавени и пристигнати од Словенија, Унгарија, Србија (40 пријавени возила и 148 присутни) денес беа спречени да го изведат интернационалниот настап за TWINGO CUP натпреварувачите на тркачката патека во Серес, Грција
Во Серес викендов беше предвидено да се вози петтата и шестата трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, со секако бодување и за првенството на Македонија и Словенија.
И покрај почитување на сите формалности и регулативи од страна на организаторот како и предвремено исплаќање на сите организациски трошоци според договорот (вклучувајќи странски судии од ФИА, ФИА делегати од Словенија, маршали па се до директен пренос за емитување на трката итн) без навремена најава на 26.06.2021 (Сабота) наутро организаторите на тркачката патека по налог на Грчката Автомобилска Федерација (ОМАЕ) како и Министерството за надворешни работи на Грција не дозволија да се одржи настанот притоа и без можност да и ексклузивно се користи стазата од страна на странските гости.
Како образложение за забраната за трка е наведено дека причината е спорот со називот на Автомобилистичката Федерација на Македонија која ја нема придавката “Северна” согласно договорот од Преспа потпишан помеѓу двете држави.
Во оваа прилика би сакале да изразиме голема благодарност до надлежните инситуции на нашата држава – Владата на РСМ и Министерството за надворешни работи кои покажаа големо разбирање за целиот настан и дадоа сe што е во нивна надлежност да се разреши овој проблем. Сепак настанатиот спор помеѓу АФМ и Грчката Автомобилска Федерација (ОМАЕ) останува да го решат меѓусебно.
АКК Рено Спорт до сега има одржано две кружни трки на стазата во Серес без да има проблем од овој тип. Исто така од претходното раководство на ОМАЕ доби маил во кој што нудат поддршка и со кој искажуваат големо задоволство што ќе се одржува трка на нивната патека. За жал се вмеша политиката и нестручноста на новото раководство кои неспортски го забранија веќе догорениот настан.
Автомобилистичкиот картинг клуб Рено спорт продолжува со гордо претставување на нашата држава преку своите натпреварувачи со својот следен меѓународен настап на патеката Гробник во Хрватска од 23.07.2021-25.07.2021 год.