Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, на самитот во Женева пристигнаа со својата придружба во своите блиндирани и непробојни лимузини Aurus и Cadilac, опремени со тајни уреди. Британскиот таблоид Daily Mail се обиде да утврди кој автомобил е помоќен

„Претседателот на Соединетите држави пристигна во својот Cadillac под името Beast (Ѕвер), кој вреди 1,5 милиони долари и може да се пофали со камери за ноќно гледање, топови со солзавец и оклоп со дебелина од 20 сантиметри. Неговите врати се тешки како Boening 757, а гумите не можат да се дупнат. „Во внатрешноста на „Ѕверот“, претседателот има на располагање вграден модерен систем за комуникација, тежок околу девет тони“, посочува таблоидот.

Наведувајќи ги додатоците на автомобилот на американскиот претседател, таблоидот наведува дека неговото возило е опремено со безбедносен систем за снабдување со кислород и резерви на крв на претседателот во случај на вонредна состојба. „Ѕверот“ може да издржи хемиски и биолошки напади, како и истрели и експлозии, а се вели дека неговата шасија е едноставно неуништлива. Наведено е дека неговите прозорци се дебели 7,6 сантиметри, а комбинираниот челичен и керамички оклоп е дебел 20 сантиметри.

„Во задниот дел од возилото, шефот на Белата куќа е одделена од возачот со стаклена преграда, а неговата придружба може да брои до четири патници. „Претседателот на Соединетите држави е единствениот кој може да ја спушти бариерата со само едно притискање на копче“, се вели во таблоидот.

На задните седишта има сателитски телефон со директна врска со потпретседателката Камала Харис и Пентагон. И резервоарот за гориво е блиндиран и полн со специјална пена која спречува експлозија дури и во случај на директен удар. Шасијата на автомобилот произведен од General Motors е изработена од челик, а каросеријата е комбинација од челик, алуминиум, титаниум и керамика.

„И рускиот претседател може да се пофали со уникатна оклопна лимузина, во која, како што се тврди, патниците ќе бидат безбедни дури и под вода“, пишува DailyMail. Aurus (модел Senat) наменет за државните лидери на Русија има 4.4-литарски V8 мотор со 598 КС.

Моделот Senat на рускиот претседател, долг 6,6 метри, тежок 6,5 тони, опремен е со хибриден погон и 9-степен автоматски менувач, со погон на сите четири тркала.

„Производителот работи на уште помоќен модел кој ќе има 6.6-литарски V-12 мотор со 857 КС. Моделот на Senat за пошироката јавност, чиј изглед очигледно e инспириран од британскиот Rolls-Royce, е произведен од компанија со голем удел на државна сопственост. Моделот ќе го чини купувачот 18 милиони рубли, или 245 илјади долари“, се наведува во написот.

Во него се посочува дека „моделот за Путин е многу поскап, имајќи ги предвид сите додатоци и средства за безбедност“, но за тоа малку се знае.