Џереми Кларксон го напушти Grand Tour во корист на нова „претстава“ во која глуми фармер

Џереми Кларксон се стекна со светска слава како бунтовен новинар во автомобилската индустрија кој го водеше Top Gear на BBC. Откако се случи скандал за време на снимањето на една од епизодите, Кларксон, заедно со Ричард Хамонд и Џејмс Меј, ја напуштија програмата на BBC. Набргу по овој настан, тие добија понуда од Amazon и наскоро се вратија во етерот со нова шоу програма – Grand Tour.

Конечно пристигна и 2020 година, а со тоа и пандемијата која го сврте светот наопаку. Појавата на корона вирусот влијаеше и на работата на следните епизоди на автомобилската емисија. Сепак, тројцата Англичани не чекаа да се вратат на сетот на Grand Tour туку започнаа свои проекти. Така, на пример, Џереми Кларксон реши да стане фармер!

Првата епизода на „Фармата на Кларксон“ ќе биде достапна на платформата Amazon премиерно од петок, 11 јуни, а пред неколку дена се појави и трејлерот за новата емисија на Кларксон.