Ford F-150 доби електрична верзија / ФОТО+ВИДЕО
F-150 е дел од Ford F-серијата, која вклучува и поголеми модели како SuperDuty (F-250, F-350 и F-450), како и помали камионети (ознаките одат сè до F-850), првично дебитираше во 1948 година и досега нашла пат до над четириесет милиони купувачи, иако се продава исклучиво во САД, Канада, Мексико и неколку земји од Блискиот исток
Ford сега уште еднаш пишува историја со F-150 кој сега е достапен и во електрична верзија, таканаречена Lightning (Молња).
Не е тајна дека Ford долго време заостануваше зад трендот наречен електрични возила, но ситуацијата се смени кога на местото прв човек на компанијата дојде Џим Фарли. Следуваше многу успешниот Mustang Mach E, долг список на хибридни понуди, а сега пред нас е новиот Lightning.
Во официјалното обраќање до медиумите, Фарли изјави дека планот е да се задржат сите возни карактеристики кои го краселе F-150 низ историјата, но во исто време да го воведат во новата генерација каде најверојатно ќе се вози на електрична енергија .
Минатото е многу важно за Ford што производството всушност ќе се одвива во историската фабрика Руж во американската држава Мичиген, која првично ја има отворено Хенри Форд пред повеќе од еден век.
Ако до неодамна се зборуваше за тоа како сопствениците на хибридни примероци на F-150 ги користеле неговите батерии за да вклучат грејачи, печки и фрижидери за време на студените месеци во Тексас кога нивните домови останале без електрична енергија, сега Форд оди чекор подалеку, па вели дека нивниот „тешкаш“ ќе може да обезбеди електрична енергија за цела куќа доколку временските услови наложат такво нешто.
Ова се должи на батериите, за кои се вели дека се потешки од вкупната тежина на оригиналната Volkswagen „Буба“ односно станува збор за бројка од 810 килограми. Новинарите сметаат дека ќе имаат волумен од 115 kWh во стандардното издание, што треба да биде доволно за автономија од 368 километри.
Се очекува повеќето клиенти да го изберат поголемиот пакет со волумен од 150 kWh за автономија до 480 километри во секако идеални услови. Првиот од двата модели развива 426 КС, а вториот дури 563 КС со вртежен момент од 1.051 Nm во двата случаи.
Со вакви перформанси Lightning e најмоќната сериска верзија на F-150, со забрзувањето од нула до 100 km/h за само 4,3 секунди, што значи и најбрзиот модел во историјата на компанијата.
Од Ford велaт дека кога камионетот е поврзан на брз полнач, сопственикот може да добие околу сто километри дополнително возење за само десет минути, што е доволно за просечен Американец за секојдневно возење.
Механички измени се однесуваат и на задната суспензија, која сега е независна, а благодарение на неа, Lightning е малку понизок од стандардната верзија, односно конвенционалниот примерок од F-150.
Американците најмногу ги интересира колку товар може да носи овој камионети колкава приколка може да повлече. За првата варијанта, бројката е 900 килограми, што е идентично со другите верзии. Но, во случај на влечење, тоа е „само“ 4,5 тони, што е приближно два тона помалку од кој било F-150 во комбинација со турбо бензин.
На прашањето колку побрзо ќе се истрошат батериите ако се носи или влече товар, од Ford велaт дека таквите информации сè уште не се достапни, бидејќи серискиот модел сè уште не е подготвен и дека тестовите се во тек. Експертите сметаат дека бројката нема да надмине 160 километри.
За прв пат во својата историја, F-150 може да се пофали и со багажен простор, а како и со сите електрични возила, тој всушност се наоѓа под хаубата. Обезбедува 396 литри волумен.
Внатрешноста е скоро идентична со 12,0-инчниот монитор кај основните модели и 15,5-инчниот во подобро опремените верзии. Поголемиот дел од електрониката е позајмен од кросоверот напојуван од батерии – Mustang Mach E, а американскиот гигант вели дека Lightning ги задржал популарните детали, како што се приклучоците за напојување во приколката и големиот број приклучоци за полначи на кои јавноста е навикната.
Дизајнерски електричната верзија од стандардниот F-150 се разликува само во предната светлосна група која се протега по ширината на целото возило. Вистински потег или промашување ќе покаже продажбата.
Конечно и за цената. Lightning верзијата ќе биде достапна во различни пакети на опрема, од основата XL до луксузната Platinum. Почетната цена е 42 илјади американски долари, но таа е достапна само за таканаречените „флотни“ клиенти кои поседуваат компании, а годишно им се испорачуваат неколку десетици или стотици, па дури и илјадници единици.
„Обичните смртници“ ќе треба да издвојат 55.000 долари, додека со целосна опрема цената достигнува бројка од околу 90.000 долари. Бидејќи Ford сè уште не испорачаl 250.000 електрични возила, се додека не ја достигне таа бројка, клиентите може да добијат и државна субвенција од 7.500 американски долари.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1DoEkeaJLnTij6LZGTQ7E8NmBgp_sFy6a” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Цената е всушност исклучително прифатлива бидејќи дури и основниот F-150, со две врати и атмосферски V6 мотор, чини околу 33.000 американски долари.