Дали увозот ќе стане непрофитабилен?

Во март, просечната цена на користен автомобил продаден во Германија стигнала до рекордна бројка од 22.258 евра! Побарувачката за користени автомобили во Германија расте од месец во месец и понудата се намалува. Автомобилите, кои пред неколку години биле скоро отпишани, сега се барана роба.

„Германците сакаат да се ослободат од користените автомобили, можете да ги купите за многу ниска цена, бидејќи сите таму сакаат нов автомобил“! Овие тврдења веќе не се точни или се барем нешто што се однесува на минатото.

Побарувачката за користени автомобили руши рекорди на германскиот пазар. Не само што дилерите од многу земји во светот ги купуваат своите автомобили во Германија, туку расте и локалната побарувачка. Постојат многу причини, но најважна е пандемијата со коронавирус, поради што многумина се откажуваат од јавниот превоз или споделување автомобили и избираат приватни автомобили.

Во исто време, понудата на користени автомобили опаѓа, бидејќи поради неизвесноста за економската состојба, и компаниите и физичките лица ја одложуваат планираната замена на автомобили со нови. Во секој случај, дури и ако некој бил подготвен за такви инвестиции, новите модели што ги исполнуваат очекувањата не се секогаш достапни. Многу производители од неодамна мораа да го намалат производството не само поради локалните блокади, туку и поради ограничената достапност на потребните компоненти на глобалниот пазар.

Според собраните податоци на порталот AutoScout24, просечната цена за користени автомобили продадени во Германија во март за прв пат надминала сума од 22.000 евра и достигна импресивна вредност од 22.258 евра – околу 300 евра повеќе отколку во февруари. Изненадувачки, цените на користените автомобили од повисоките класи се најмногу зголемени – тука просечната цена достигнала вредност од 56.055 евра или 3 проценти зголемување во текот на месецот!

Интересен тренд е зголемената побарувачка за мали градски автомобили – овие евтини возила се повеќе се бараат, но сè потешко се наоѓаат, бидејќи поради ниските маржи, на производителите не им се исплати нивното производство. Изненадувачки, спортските автомобили уживаат се поголема популарност.