Неодамна најавениот нов електричен хечбек со 5 врати од кинескиот Great Wall и нивниот подбренд за електрични возила Ora е пред нас

Станува збор за моделот Ora Punk Cat, која својата премиера ја имаше на тековниот авто салон во Шангај. Продажбата во Кина треба да започне пред крајот на оваа година.

Како и да е, овој електричен автомобил има надворешност моделирана според легендарната „буба“ на Volkswagen, а внатрешноста е направена во ретро стил со волан со три крака (но со модерни детали како што се дигитална инструмент табла и централно поставен екран од инфо-забавниот систем).

Иако официјални детали не се објавени, некои извори неофицијално споменуваат дека понудата за автомобилот наводно стартува со електричен мотор со 107 kW / 146 КС, и дека со едно полнење на батеријата од 47,8 kWh, автономијата е околу 500 km (според циклусот NEDC).