Во продавница за апарати за домаќинство можете да купите фрижидер, правосмукалка, телевизор и – кинески електричен SUV!
Ако некогаш сте се запрашале како кинеските производители на автомобили ќе се обидат да ја нападнат европската почва, следниот пример е – добар пример
Станува збор за Aiways, кој е нов производител на електрични автомобили. Неговиот SUV модел U5 се продава во германскиот ланец продавници за апарати за домаќинство и компјутерска опрема Euronics.
Во Euronics со продажба на електрични автомобили започнале уште минатата година и се задоволни што го зголемуваат бројот на возила и локации каде што можат да се купат. Сите имаат профит, Euronics добил производ со висока маржа, а Aiways на тој начин ги крати трошоците за изградба на скапи салони за продажба на возила.
Моделот U5, всушност, не е теренец без квалитет – тој е долг компактни 468 cm, располага со 204 КС, 20 до 80 проценти од полнењето на батеријата трае само 35 минути на брз полнач и може да помине повеќе од 400 километри со едно полнење. Внатрешноста е модерна и рака на срце може да и позавидат многу европски конкуренти. Неговата почетна цена е одлични 36.993 евра, а премиум верзијата чини 39.070 евра. Со субвенции за купување на електрично возило, тоа значи уште пониска цена.