Новите етикети на ЕУ за гуми дизајнирани да обезбедат повеќе информации за потрошувачите
Сите гуми ќе мора да бидат во согласност со новата регулатива, а кај гумите доставени пред 1 мај 2021 година со сегашната ознака, ништо не се менува
Крајните корисници можат да пристапат до дополнителни информации за избраната гума во базата на податоци на ЕУ со скенирање на QR-кодот на етикетата
Од први мај годинава, ознаките на гумите ќе бидат променети, односно ќе се воведе нов систем за обележување на ниво на Европската унија. Не станува збор за некакви спектакуларни промени, но со воведувањето на ревидираната Регулатива за етикети на гумите, како и регистрациска база на податоци (EPREL – Европски регистар на енергетски ознаки) и опцијата за два нови индикатори за перформанси (адхезија на снег и мраз), Европската комисија има намера подобро да ги информира потрошувачите кои купуваат гуми.
Имено, Европската унија се обврза на намалување на емисиите на стакленички гасови со цел да се постигне климатска неутралност до 2050 година, а токму намалувањето на емисиите на СО2 од патниот транспорт играат голема улога во исполнувањето на оваа цел.
Новата ознака за гуми ќе им овозможи на потрошувачите во Европската унија да изберат гуми со поефикасна потрошувачка на гориво, што може да доведе до значителни заштеди, а крајните корисници ќе можат да пристапат до информации за нивната гума во големата база на податоци, исто така на ниво на Европската унија.
И тоа многу едноставно, со скенирање на QR-кодот на етикетата кој ги покажува сите вредности за одредена гума. Сите потребни податоци и најмалите детали за гумата, производителот на гуми ги внесува индивидуално во базата на податоци на EPREL. Новата ознака се однесува и на класификацијата на отпорност на тркалање и сопирање во влажни услови, а нивото на бучава, со мали промени, ќе биде прикажано во децибели и обележано со буквите А, Б и С.
Сите гуми ќе мора да бидат во согласност со новата регулатива, а кај гумите доставени пред 1 мај 2021 година со сегашната ознака, ништо не се менува.