Социјалната мрежа Youtube е побогата за еден исклучителен видео клип 

Авторот на материјалот посетил домаќинство во јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија за да прегледа колекција на старински мотоцикли… но, наишол на нешто сосема неочекувано.

Имено, наместо во контејнерот да го пронајде очекуваниот мотоцикл, пред него и неговата екипа се појавило црвено Porsche 550 Spyder од 1955 година, кое, како што се испоставило, последните 35 години ги поминало во овој товарен контејнер.

За пронаоѓањето на овој редок автомобил е одговорен човек по име Роберт Грин, американски државјанин. Ликот е познат по својата колекција ретки мотоцикли, а во потрага по нови примероци, тој ја посетил Јужна Калифорнија, каде било планирано да се прегледаат тамошните олдтајмери на две тркала.

Во одреден момент од средбата, вниманието на колекционерот го привлекол необележан контејнер каков што најчесто се гледа на градилиштата. Кога ја отворил вратата од металниот кафез, човекот едноставно не можел да им верува на своите очи. Пред него се појавило црвеното Porsche 550 Spyder, произведено пред 66 години. 

Спортскиот автомобил со само две седишта го носи серискиот број 69, а серијата во која германската компанија го составила овој двосед брои вкупно 90 примероци. Првиот сопственик на главниот лик на оваа приказна е човек од Хаваи, кој го користел возилото за аматерски трки. Потоа, во 1963 година, редкиот модел на Porsche бил продаден за две илјади американски долари на човек по име Лес Гунерсон, кој бил заслужен за целосната, темелна реставрација на бисерот, во текот на 80-тите години на минатиот век но и сокривање на автомобилот во контејнерот

И покрај долгиот временски период, Porsche 550 Spyder останал во одлична состојба. Нема траги од корозија на телото.

Автомобилот се придвижува со оригинален 1.5-литарски мотор кој испорачува 135 коњски сили. Менувачот инсталиран на овој Spyder е со пет брзини, а погонот е на задните тркала. Најголемата брзина што пронајдениот Porsche 550 Spyder може да ја развие е 220 km/h, што е особено импресивно за времето кога спортистот излегол од производните линии.

Пронаоѓачот на автомобилот, Роберт Грин проценил дека откривањето на ова Porsche e во самиот ранг „со откривањето на векот“. Според него, ексклузивниот спортски автомобил веќе има нов сопственик.

Иако колекционерот не сака да ја открие откупната цена, општо е познато дека ваквите примероци, во ретки прилики кога се на аукција, лесно достигнуваат вртоглави цени. Станува збор за бројки од неколку милиони американски долари.

Погледнете го видеото во прилог.