Објавен скратениот список на кандидати за наградата „Светски автомобил на годината 2021“ / ВИДЕО
Стручното жири ги избра финалистите за престижните награди во повеќе категории
За најважната награда „Светски автомобил на годината 2021“ во игра остануваат три модели, а тоа се: Honda e, Toyota Yaris и Volkswagen ID.4. Малиот Yaris веќе ја освои титулата „Европски автомобил на годината“, а она што е најинтересно е што дури два автомобила се чисто електрични автомобили.
„Светски градски автомобил на годината 2021“ ќе се избира помеѓу следниве три модели: Honda Jazz/Fit, Honda e и Toyota Yaris. Навистина голем успех за Honda која има два кандидати во оваа категорија. Како и да е, победникот во оваа категорија дефинитивно е јапонски преставник.
Титулата „Светски луксузен автомобил на годината 2021“ ќе му припадне на едно од овие возила: Polestar 2, Mercedes S-класа и Land Rover Defender, додека за титулата „Светски спортски автомобил на годината 2021“ ќе се борат Toyota GR Yaris, Porsche 911 Turbo и Audi Q8 RS.
Последната категорија е за она за најдобар дизајн, а тука изборот се сведува на Honda e, Land Rover Defender и Mazda MX-30.
Добитниците ќе бидат објавени на специјален настан кој ќе се одржи на 20 април.