Доколку нацрт законот стане закон, здружението на трговци очекува пораст на цените на користени автомобили од 10 до 20 проценти и крај на продажбата на постари користени возила

Во Германија се најавени измени и дополнувања на законот кој треба да се усогласи со Директивата на ЕУ за продажба на стоки (RL (EU) 2019/771). Предлогот на нозе ја подигнал Државната асоцијација на независни дилери со моторни возила, која се обратила до Германскиот федерален совет и ги критикувала планираните измени.

Измените се неповолни и неодржливи за трговијата со моторни возила, се вели во соопштението на Асоцијацијата. Независните дилери сакаат да го спречат Федералниот совет да го поддржи предлог-законот презентиран од владата.

Во Европската директива за продажба на стоки се вели: 

„Се претпоставува дека секоја неусогласеност што станува очигледна во рок од една година од времето на испорака на стоката, постоела и за моментот на испорака на стоката, освен ако не е докажано поинаку или не е во согласност со природата на стоката или со природата на неусогласеност. Овој став се применува и на стоки со дигитални елементи“.

Претходниот рок бил шест месеци, а токму продолжувањето и импликациите, односно трошоците за ваквата одлука создаваат проблем за трговците. Од една страна, оваа одлука им користи на корисниците на користени возила (бесплатни поправки), но на долг рок може да има промени што не одат во нивен прилог. Асоцијацијата се жали и на други одредби од нацрт-законот, но оваа е најважна.

Доколку законот стане закон, здружението на дилери очекува цените на користените автомобили да пораснат за 10 до 20 проценти и да заврши продажбата на постари користени возила. Сето ова би имало големо влијание врз нас затоа што Германија е еден од најважните пазари за користени автомобили за купувачите во Македонија и генерално Балканските земји.