Новата Honda Legend вози самa / ВИДЕО
Honda Legend е првиот автомобил на компанијата со унапреден систем за автономно возење
Станува збор за престижен модел на Honda, кој сè уште се продава на одредени пазари.
Во ноември, Honda објави дека се во тек испораките на автомобили опремени со најнови системи за автономно возење или системи од трето ниво, за што компанијата добила одобрение.
Првиот ваков модел е подготвен за пазарот, а тоа е Legend, кој се нуди со системот Sensing Elite, познатиот Traffic Jam Pilot систем за наведување кој презема целосна контрола на возилото во градскиот сообраќај.
Во такви услови, автомобилот забрзува, сопира, па дури и врти сам, односно е во состојба да заобиколи и да престигне. Ја следи околината преку бројни сензори, но и 3Д мапи.
Во моментов, понудени се само 100 примероци, а цената е 102.000 американски долари.