Кога се има… Доставено Porsche 911 со надворешна боја во вредност од 83.000 евра!
Повеќето автомобилски вљубеници сигурно би биле задоволни од „нормалното“ Porsche 911 Turbo S чија цена не е мала и започнува од околу 218.000 евра.
Но, за некои клиенти, ова едноставно не е доволно затоа што тие сакаат нивното возило да се јасно да се издвојува од останатите. Една од работите што го прави ова можно е Porsche Exclusive Manufaktur – на пример, со специјална боја наречена Chromaflair, која е достапна само за серијата 911.
Американскиот застапник Porsche Exchange со седиште во Highland Park во американската сојузна држава Илиноис деновиве продал токму вакво Porsche 911 Turbo S. Доплатата за боја изнесувала скоро 83.000 евра, цена за која би добиле на пример Porsche 718 GTS 4.0 во базна изведба.
Возилото е, наводно, првото Porsche 911 Turbo Sод генерацијата 992 кое смее да ја носи бојата Urban Bamboo Chromaflair. Со малопродажна цена од 302.410 евра, ова е најскапото Porsche 911 од генерацијата 992. Се разбира, оваа 911-ка има уште неколку додатоци кои на крајот ја зголемиле крајната продажна цена – на пример карбонски покрив.
Зошто Chromaflair бојата всушност чини толку многу? Бидејќи обработката на пигментите е исклучително сложена и целосно рачна. Повеќеслојните „капки“ кои ги содржи имаат микроскопска дебелина од еден микрометар, додека, на пример, човечката коса е 50 пати погуста. „Капките“ содржат алуминиумско јадро кое е опкружено со стаклен слој, а со промена на дебелината на овој стаклен слој се создаваат различни бои.