Се поблиску и до прогласувањето на Светски автомобил на годината 2021 / ВИДЕО
Објавена скратената листа од десет кандидати за „Светски автомобил на годината 2021“
По изборот за „Европски автомобил на годината“, на кој титулата ја однесе Toyota Yaris, јавноста е свртена кон изборот за Светски автомобил на годината за 2021. А на скратената листа за оваа престижна титула се Audi A3, BMW Serije 2 Gran Coupe, BMW Serije 4, Honda e, Kia K5, Kia Sorento, Mazda MX-30, Mercedes GLA, Toyota Yaris и Volkswagen ID.4. Интересно е што BMW и Kia имаат по двајца кандидати меѓу полуфиналистите, а од десетте модели три се чисто електрични. Toyota Yaris има огромна шанса да ја соедини европската и светската титула.
Покрај главната награда, World Car of the Year 2021, награди се доделуваат и на победниците во уште неколку категории.
Во категоријата World Urban Car кандидати за титулта се Honda e, Honda Jazz / Fit, Hyundai i10 / Grand i10, Hyundai i20 и Toyota Yaris.
За титулата World Luxury Car кандидати за титулта се Aston Martin DBX, BMW X6, Land Rover Defender, Mercedes S class и Polestar 2.
Полуфиналисти во категоријата World Performance Car се Audi RS Q8, BMW M2 CS, BMW X5 M / X6 M, Porsche 911 Turbo и Toyota GR Yaris.
Конечно, за титулата World Car Design of the Year во конкуренција се Honda e, Land Rover Defender, Mazda MX-30, Polestar 2 и Porsche 911 Turbo.
Жирито ќе го намали изборот на 3 модели во секоја од категориите на 30 март, а имињата на победниците ќе бидат објавени на 20 април.