Во Хонг Конг нема шала со полицијата

По најавата за подготовка на илегална трка, полициските сили на Хонг Конг организирале акција во која пресретнале повеќето од учесниците. Во раните утрински часови колона егзотични суперавтомобили автомобили била забележана на градската авенија, а полицијата решила да постави блокади. Целото „стадо“ од 45 автомобили е фатено во мрежата.

Според South China Morning Post, полицијата добила бројни поплаки од локалните жители, кои се жалеле во последните неколку недели за „бучава што многу потсетува на онаа од тркачките автомобили“. Трките најчесто се случувале за време на викендите во раните часови, вели локален градски советник.

Полицијата запленила голем број на Lamborghini, Porsche и Ferrari модели, но исто така и егзотики како што се Nissan GT-R или пак Mercedes-AMG GT S. 

Нелегалните трки во Хонг Конг стануваат сè попопуларни, со 40% пораст минатата година. Полицијата објави дека во првите 11 месеци од минатата година открила 139 илегални трки, додека во цела 2019 година биле забележани 99 илегални трки.