Toyota Yaris најпродаван автомобил во Европа
Според податоците на Jato Dynamics, Европјаните изминатиот месец најмногу купувале Toyota Yaris
Во првиот месец од оваа година во ЕУ се продадени 839.525 автомобили, што е најлош почеток на година уште од 1982 година. Очигледно е дека последиците од пандемијата на вирусот корона продолжуваат да го тресат европскиот пазар, а многу веројатно дека така ќе биде во првата половина од оваа година.
Нов рекорд бидејќи SUV моделите имаат рекордно учество во продажбата со дури 44% во јануари! За споредба, во првиот месец од 2020 година нивното учество било 40%, а во 2019 година 37%. Сите земји-членки на ЕУ забележале двоцифрен пад на регистрациите на нови автомобили.
Кога станува збор за најпопуларните брендови – нема изненадувања, Volkswagen е на прво место со испорачани 90.651 возило. На второ место е Peugeot со продадени 61.251 автомобил, додека на трето е Toyota, која испорачала 54.336 единици.
На високата четврта позиција e BMW. Баварците испорачале 54.135 единици, нешто помалку од јапонската марка. Топ 5 е заокружен од Mercedes (49.542).
РАНГИРАЊЕ | БРЕНД | БРОЈ НА ИСПОРАКИ | +/- споредено со јануари 2020 |
1. | Volkswagen | 90.651 | – 32 % |
2. | Peugeot | 61.251 | – 19 % |
3. | Toyota | 54.336 | – 19 % |
4. | BMW | 54.135 | – 16 % |
5. | Mercedes | 49.542 | – 26 % |
6. | Renault | 48.584 | – 28 % |
7. | Ford | 48.449 | – 26 % |
8. | Škoda | 46.318 | – 22 % |
9. | Audi | 39.996 | – 31 % |
10. | Opel/Vauxhall | 34.010 | – 34 % |
Ако зборуваме за најпродавани модели, лидер е Toyota Yaris. Yaris изброил 18.094 испораки во јануари, што е за 3% подобар резултат од минатата година. По него следи францускиот ас од Б сегментот – Peugeot 208 – 17.310 регистрации. Третото место и припаѓа на Dacia Sandero, која благодарение на новата генерација, има раст на продажбата од дури 13%. Sandero е испорачан во 15.922 примероци.
На четвртото место е Volkswagen Golf со продадени 15.227 единици и драматичен пад на испораките од 42%! Топ 5 го заокружува Opel Corsa со испорачани 14.951 автомобили.
РАНГИРАЊЕ | БРЕНД | БРОЈ НА ИСПОРАКИ | +/- споредено со јануари 2020 |
1. | Toyota Yaris | 18.094 | 3% |
2. | Peugeot 208 | 17.310 | – 15 % |
3. | Dacia Sandero | 15.922 | 13% |
4. | Volkswagen Golf | 15.227 | – 42 % |
5. | Opel Corsa | 14.951 | – 20 % |
6. | Peugeot 2008 | 14.916 | 87% |
7. | Renault Clio | 14.446 | – 32 % |
8. | Fiat Panda | 14.122 | – 16 % |
9. | Volkswagen T-Roc | 13.896 | – 7 % |
10. | Škoda Octavia | 13.756 | – 17 % |