Во Европа ќе биде достапен до крајот на годината

На овој начин, новиот кросовер ќе се приклучи на освежениот CR-V и новиот Jazz со ознаката e: HEV, што значи Hybrid Electric Vehicle.

Новитетот претставува уште еден чекор за јапонскиот производител кон целосна електрификација на европското портфолио до 2022 година.

Што се однесува до стилот, HR-V e: HEV може да се пофали со купе силуета, истиот дизајнерски јазик што го наоѓаме кај другите нови модели на Honda. Елементи како интегрирана решетка, долга хауба и висок рамен појас имаат за цел да „проектираат чувство на стабилност и безбедност“, велат од Honda.

„Новиот HR-V остварува примамлива комбинација на врвен стил на SUV и исклучителна просторност, благодарение на интелигентниот пакет на компоненти на хибридниот погонски систем. Резултатот е тоа дека HR-V ја задржува просторноста како лидер во класата за максимална удобност за четворица патници“.

Што се однесува до ентериерот, електрифицираниот HR-V нуди врвно чувство благодарение на модерните ткаенини и површините со мек допир. Таблата е украсена со минималистичка естетика, со доминантна хоризонтална табла со инструменти. Решението малку потсетува на мешавина од Mazda и Audi, што секако не е лошо само по себе.

Целта на производителот бил да создаде посебно амбиентално чувство, што дополнително го нагласува новиот систем за вентилација, што создава „завеса на свеж воздух покрај и над патниците“, велат од Honda. Модерните вентилациски отвори во облик на буквата „L“ во горните агли на контролната табла се исто така интересен детал, исто како и разноврсните „магични седишта“, кои можете да ги организирате по потреба.

Што се однесува до деталите поврзани со хибридната поставка со два мотори, како и ценовникот и спецификациите, засега не се познати.