Во ред или не, реалноста е немилосрдна

Лимузините се минато, луѓето сакаат SUV возила. Не е важно дали се работи за Alfa Romeo или Citroen. Шемата е едноставна. Производителот го претставува теренецот, клиентите трчаат во салоните со готовина или одобрен кредит. Не е ни чудо што следната генерација на Ford Mondeo ќе биде SUV. Само така може да се оживее влошената продажба на Мондео во Европа. Премиерата на новиот SUV на Ford е се поблиску.

На интернет се појавуваат фотографии од сè помалку камуфлирани прототипови на Ford Mondeo, па благодарение на нив, некои графички дизајнери успеале да создадат прилично успешна визуелизација на новиот Ford Mondeo.

Со добра стратегија, моделот ќе се продава како никогаш порано. Ажурирањето на гмата во моментов е најдобриот начин да заработите пари. Ford тоа го стори пред една година со лансирањето на новата Puma. И покрај негодувањата на интернет, клиентите побрзаа во салоните да ја купат новата Puma. Во првата година од продажбата во Европа, продадени се 118.000 примероци.