Ford ja произведe првата транспарентна маска / ВИДЕО
Ford активно е вклучен во борбата против пандемијата и согласно тоа претстави две новини
Ford ќе го искористи претстојниот Super Bowl за да ја запознае јавноста со кампањата #FinishStrong, но и да порача дека е важна личната заштита. Кампањата е најактивна во областите каде што Ford има најмногу работници кои не можат да работат од дома, како што се Мичиген и Мисури.
Покрај големата рекламна кампања, Ford ја претставува и првата транспарентна N95 маска. Во официјалното соопштение тие велат дека фактот што може да се види соговорникот го подобрува квалитетот на комуникацијата. Во исто време, тоа е маска која може да се пере што значи дека е за повеќекратна употреба. Во исто време, цената е екстремно ниска, нагласуваат од Ford. Во секој случај, оваа маска ќе им пружи најмногу на оние со оштетен слух, кои комуницираат читајќи од усните. Во понуда се очекува да пристигне оваа пролет.
Другата новина од Ford е систем за филтрирање на воздухот. Станува збор за многу едноставен и евтин уред, кој се состои од три главни компоненти – картонска рамка, вентилатор и филтер. Ford предвидува дека таков систем може да се користи во училниците и во сите други простории каде што прочистувањето на воздухот е од суштинско значење.
Од Ford велат дека два уреди во училница од околу 90 квадратни метри ќе го обноват воздухот 4,5 пати за еден час. Овој систем нема да се продава туку ќе бидат произведени 20.000 примероци кои Ford ќе ги донира заедно со околу 20 милиони маски.