Неколку навистина корисни совети

Во зима, поради снежните врнежи и ниски температури, советите за тоа како да ги одмрзнете вратите, бравите и прозорците на вашиот автомобил или уште подобро да ги спречите да замрзнуваат може да бидат многу корисни.

Народот вели, подобро да се спречи отколку да се лечи, па во тој дух еве неколку совети за превенција.

Би било препорачливо да ги премачкате гумите околу внатрешноста на вратите со глицерин, вазелин или растително масло за јадење и во бравите да испрскате со WD-40 спреј.

За да не се лепат бришачите на стаклото, ставете стари чорапи на нив. За да спречите замрзнување на надворешните ретровизори, преку нив навлечете пластични кеси. Ставете картон или чаршав на шофершајбната и задното стакло, што е одлична превенција против замрзнување. Никогаш не користете весници за оваа намена.

Не ја отворајте замрзнатата врата со сила. Истурете млака, но никогаш топла вода. Фен за коса не е лоша опција ако имате струја и продолжен кабел во близина на автомобилот. Истурете мешавина од алкохол и вода на заледените места, така што мразот на бравите, рабовите на вратите и стаклото брзо ќе ослаби, па вратите полесно ќе се отворат, а стаклата лесно ќе се исчистат.