Во повеќето случаи, грижите на сопствениците се целосно неосновани

Последниве години, хибридните модели станаа составен дел од автомобилската индустрија. Сега се достапни од скоро сите производители, со неколку предности во однос на возилата само со мотор со внатрешно согорување. Дополнителниот електричен мотор помага да се зголеми моќноста, но и да се намали потрошувачката на гориво и штетните емисии.

Сепак, многу возачи сè уште се скептични во однос на хибридите. Тие веруваат дека дополнителната опрема (особено повеќето електронски системи) ги прават овие модели не само посложени, туку и посклони на дефекти. 

Но, дали е тоа така?

Одржувањето чини повеќе?!

Таквото мислење не одговара на реалноста. Одржувањето на хибриден модел скоро секогаш чини колку и одржувањето на стандарден автомобил со мотор со внатрешно согорување. Во некои случаи, тоа е уште поевтино, што се должи на конструкционите карактеристики на хибридите. Покрај тоа, при густ градски сообраќај, овие автомобили овозможуваат помало оптоварување на главната погонска единица.

Хибридите се посклони на дефекти?!

Тоа воопшто не е точно. Хибридните автомобили се карактеризираат со голем индекс на сигурност. Кој не верува, нека ги погледне рангирањата на голем број реномирани организации и автомобилски публикации, во кои хибридите заземаат водечки позиции. Ова се должи и на многуте системи за асистенција кои не бараат интервенција на возачот и со тоа подобро ги зачувуваат моторите и менувачот.

Постои ризик од струен удар на возачот и патниците?!

Повторно неточно. Хибридните модели имаат автоматска заштита на повеќе нивоа, што значи минимални шанси за струен удар на оние што се возат во автомобилот.

Хибридите имаат проблеми во зима?!

Хибридните модели не се активираат со традиционален стартер, туку со посебен електричен мотор. Затоа, нема проблем со стартување на автомобилот дури и при ниски температури.

Честа замена на високонапонската батерија?!

Ова мислење исто така не е точно. Современите батерии имаат доволно висока сигурност, а повеќето од нив се дизајнирани да траат колку и автомобилот во кој се инсталирани.

Хибридите се „егзотика“?!

И ова мислење одамна на кореспондира со реалноста. Буквално секој производител на автомобили нуди хибридни модели во својата гама. Да, на почетокот пазарот се сведуваше на Toyota Prius, но тоа се промени. Јапонците сè уште се лидери во развојот на оваа технологија, а на пазарот на хибридни автомобили нивните модели учествуваат со скоро 75%.

Мали дефекти предизвикуваат паника?!

Ова е факт кој се уште влијае на продажбата на хибридите. На многу интернет-форуми можете да најдете информации за тоа како се појавил некој, слободно може да се каже, помал дефект, но за кој се раскажува и дискутира на долго и на широко. Ова често доведува до паника кај оние кои размислуваат да купат хибрид и поради тоа многу од нив се откажуваат. Сепак, паниката е лош советник, а хибридните автомобили веќе се произведуваат во огромен број. Дефектите се нормална работа и ништо поразлична отколку кај стандардните автомобили.