Возењето во пијана состојба е еден од најголемите прекршоци кои можете да ги направите зад воланот во САД

Секоја година, околу 10.000 Американци умираат во несреќи поврзани со прекумерна доза алкохол која ја консумира возач или друг учесник во сообраќајот (како пијан пешак), што значи по една фатална несреќа на секој час. Ако сте се запрашале со кои модели на автомобили најчесто се прават вакви прекршоци, еве го одговорот.

Американскиот институт за осигурување Insurify се обидел да одговори и анализирал околу 2,7 милиони прекршители од минатата година. Рака на срце, списокот вклучува нешто што се нарекува „DUI“ или „Возење под влијание“. Преведено, станува збор за возење под дејство (на некоја супстанција), а тоа не мора да значи дека станува збор за алкохол. „Несакани“ ефекти се сметаат и легални и нелегални лекови и супстанции како што се наркотици, но според Insurify , во повеќето случаи, алкохолот е главен виновник.

Интересен детал е што најголеми „алкохоличари“ се оние кои возат пикап камионети и таквите возила заземаат дури шест од првите десет места. „Предводник“ е големиот модел на RAM, 2500/3500 Heavy Duty, а возачите на овој модел имаат дури 45 евидентирани случаи на 1.000 возачи.

Ова значи дека на секои 22 возачи фатени од полицијата како возат под влијание на нешто, барем еден поседува RAM, што е двојно поголема бројка од просекот во автомобилската индустрија.

По него следи малку подзаборавениот пикап Chevrolet С-10. Со оглед на фактот дека овој модел не се произведува од 2004 година и дека е многу редок на патиштата, секако е изненадувачко неговото присуство на високото второ место. Истиот заклучок може да се донесе и за моделот Dodge Dakota, чие производство заврши пред околу десет години.

Покрај пикап-камионите, на списокот има и три германски автомобили, поточно BMW Серија 4, а тука се и Серија 7, како и Audi A4. Меѓу првите десет се наоѓа и Subaru WRX на шестото место. За WRX има и интересен податок дека неговите возачи добиваат најмногу казни за брзо возење, а воедно е и најчест учесник во судири.

Доколку ве интересира чии возачи добиваат најмалку казни за „DUI“, таа чест им припаѓа на Toyota RAV4, Hyundai Sante Fe и Toyota Sienna.

Додека некои бројки секако се загрижувачки, вреди да се спомене дека просекот на деветнаесет случаи на илјада автомобили е малку помал отколку минатата година.