Mini – дали од британските гени ќе остане само името?
Се повеќе проблеми за британскиот бренд поради заминувањето на Велика Британија од ЕУ
Од германските стручни медиуми доаѓаат гласини дека групацијата BMW е подготвена целосно да го напушти производството на Островот и да се сврти кон алтернативи за моделите на Mini. Тоа значи и можност за преместување на производството на возилата на марката, кои во моментов се произведуваат во Оксфорд, во други фабрики на BMW групата. Главни фаворити се фабрики во Кина, а потоа и во Грац, Австрија.
Останува да се види каков договор ќе успеат да постигнат британските власти и претставниците на Европската комисија. Доколку не се постигне договор за слободна трговија, може да се очекува целосен егзодус на автомобилските компании од Велика Британија.
Странските производители скоро сигурно ќе ја напуштат оваа земја, освен ако не бидат обештетени преку некаква форма на државна помош за загубите што ќе произлезат од царинските давачки за возилата произведени во Велика Британија.
Во таква ситуација ќе биде и Mini, па треба да се најде решение. А сосема е јасно дека BMW тешко дека ќе дозволи производството да продолжи во Оксфорд во такви услови.
Заминувањето од Оксфорд би било особено тешко. Ова е дом на Mini веќе многу години, а истовремено ваквиот потег сигурно ќе има негативно влијание врз британската јавност. Се поставува и прашањето колку локалните потрошувачи би биле расположени да купат производи на Mini после тоа.