Прва фотографија од ентериерот на новиот Nissan Qashqai
Nissan ја продолжува промотивната кампања пред дебито на новата генерација на моделот Qashqai
Премиерата на третата генерација на јапонскиот теренец се очекува во текот на следната година, а засега можеме да видиме само индикација за тоа како ќе изгледа салонот.
На фотографијата која е официјално прикажана од компанијата се гледа голем екран прикачен на горниот дел од централната конзола. Досега информациите велат дека ќе биде со дијагонала од 9 инчи, како и тоа дека целиот инфо-забавен систем ќе биде компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay.
Nissan се чини постапил мудро кога решил да остави копиња на централната конзола барем кога станува збор за контрола на климатизацијата. За жал, има повеќе производители сите контроли ги инкорпорираат во софтверот на самиот дисплеј, па затоа употребата е често премногу комплицирана.
Новина е големата дигитална инструмент табла сместена пред возачот. Истата е со дијагонала од 12,3 инчи, а како што може да се забележи од приложената фотографија, ќе се користи и за прикажување навигација, што секако е практична карактеристика. Можеби има премногу копчиња на воланот, но сепак е подобро отколку да поминувате време „лутајќи“ низ опциите на екранот на допир од мултимедијалниот систем.
Јапонската марка воедно најави и head-up дисплеј од дури 10,8 инчи, што е скоро невидено во автомобилската индустрија, бидејќи повеќето други брендови нудат само ситни пластични плочи на кои се предвидени одредени податоци.
Nissan сè уште не објавил ништо во однос на моторната гама за новата генерација Qashqai. Засега е познато дека во понудата нема да има дизел мотор, но останува отворено и прашањето дали ќе се нуди чисто бензинска верзија ако истата не е дел од хибриден систем. Јапонската марка потврди дека во понудата ќе има и класичните и plug-in хибридните погони.