Како изгледа кружен тек на дното на Атлантскиот океан / ВИДЕО
Работите на првиот подводен кружен тек, изграден во Атлантскиот океан, се завршени и истиот ќе биде отворен за сообраќај за неколку недели
Како дел од новиот тунел долг 11 километри на дното на океанот, кој поврзува два од 18-те Фарски острови, кружниот тек не е само функционален, туку и вистински архитектонски скапоцен камен. „Виновник“ за уредувањето на овој кружен тек и неговите сини светла е фарскиот уметник Трондур Патурсон.
Најниската точка на тунелот Eysturoyartunnilin се наоѓа на 189 метри под нивото на морето. Во 2014 година, фарскиот парламент ги одобри плановите за изградба на тунел со намера да го поврзе главниот град Торшавн со две точки на островот Еистурај – Рунавик и Стендур.
Тунелот ќе го скрати растојанието помеѓу местото Торшавн, кое се наоѓа на најголемиот и најнаселен остров Стрејмој, до две села на Еисторој, од 55 на 17 км. Тоа ќе го намали времето на возење од повеќе од еден час на само 16 минути.