Секој во Бруклин или Стејт Ајленд можел да биде сведок на сцена која потсетува на хорор филм

Имено, поради силниот ветер, мостот Verrazano-Narrows во понеделникот бил затворен. Додека ветерот дувал со брзина од 96,5 km/h, мостот се подигал и спуштал, а во исто време и испуштал силни звуци по целата должина од 4.176 метри.

Управата за градски превоз (МТА) била принудена да го затвори горниот дел од мостот во поголемиот дел од денот, бидејќи ветровите станале премногу силни и опасни, додека долното ниво било затворено само 45 минути. Иако е малку застрашувачко да гледате како се витка и движи толку голема структура, токму тоа е тоа за што и е создадена, уверува портпаролот на МТА за новинарите.

„Висечките мостови, особено оние со најдолг распон во Северна Америка, се дизајнирани да бидат флексибилни и секое движење на мостот е во согласност со неговите безбедносни стандарди“, вели портпаролот. „Безбедносните протоколи за на МТА за временски настани во понеделникот беа навремено активирани и работеа како што е и проектирано, без структурни оштетувања, без сообраќајни несреќи и без повреди предизвикани од силниот ветер.