Пред само една недела светските медиуми пренесоа вест според која авантурата на Volkswagen Passat во Америка ќе биде завршена кога ќе истече животниот век на сегашната генерација. Експертите сè уште дискутираат околу тоа кога тоа всушност ќе се случи, а според некои најави, тоа е моделната 2023 година

Volkswagen Passat досега има привлече над 30 милиони претежно задоволни клиенти ширум светот, па се сметаше дека неговата иднина надвор од американскиот пазар не е загрозена. Но, како што известуваат некои медиуми, германскиот производител на возила планира да спроведе одредени драстични промени и на „Стариот континент“.

Продажбата на Passat во земјите на Европската унија минатата година изнесува само 124.650 единици. Иако споменатата бројка е најдобра во својата класа, во случајот на познатата германска лимузина, таа е убедливо најниска во последните неколку децении. Во целата приказна се вмеша и подостапниот механички близнак Škoda Superb. Овој модел минатата година привлекол 67.448 клиенти, што е пад во однос на истиот временски период година претходно, но повторно е константна бројка за чешкиот производител.

Германскиот гигант првично планираше да ја произведува следната генерација на Passat и Superb во Турција, но се предомисли заради конфликтот во Сирија, па затоа инвестираше над милијарда евра во нова фабрика во Братислава. Но, како што известува Automotive News, кога новата генерација ќе дебитира во 2023 година, повеќе нема да се нуди во седан верзија туку самово караванската Variant верзија.

Според споменатиот медиум, Superb би продолжил да се продава во Централна и Источна Европа, каде што лимузините се генерално попопуларни, додека Passat би имал за цел побогати клиенти од Западна Европа. На тој начин, двата автомобили не би се конкурирале на пазарот.

Но, тоа нема да биде крај на промените меѓу традиционалните автомобили. Automotive News пишува дека моделот Arteon се продава во драматично полоши контингенти отколку што првично се планирало и дека сигурно нема да ја стигне до втора генерација, иако тоа нема да се случи толку скоро.